Економија, финансии, бизнис

Контакт

Акциите на најголемиот производител на кондоми скокнаа за 30%

Акциите на најголемиот производител на кондоми скокнаа за 30%
Кога станува збор за иницијална јавна понуда на акции ( IPO ) , сексот можеби продава подобро од интернетот . Цената на акциите на најголемиот производител на кондоми во светот скокна за повеќе од 30 % при берзанското деби на компанијата. Акциите на Karex која контролира околу 10 % од светскиот пазар на кондоми , поскапеа до 2,50 малезиски рингити , или околу 0.79 долари , при деби на компанијата на берзата во Малезија , во споредба со цената од IPO -то која беше 1.85 рингит по акција . Акциите на крајот се затворија по цена од 2,45 рингит . Компанијата која има договор за производство на кондоми за марките Durex и LifeStyles , планира да ги користи приходите од своето IPO во износ од околу 75 милиони рингит ( 23,5 милиони долари ) , за да се зголеми двојно годишниот производствен капацитет до околу шест милијарди кондоми до крајот на 2015 година. Најголемиот конкурент на Karex, Thai Nippon Rubber, во моментов може да произведе околу 2 милијарди кондоми годишно .
Слично

Поврзани вести