Акциите на италијанските банки паднаа по стрес-тестот на ЕУ
Берзите денеска веднаш реагираа на вчера објавената информација од Европската централна банка, според која 25 банки во Европската унија не го поминаа тестот на издржливост на кризни услови.
Најголем пад доживеаја акциите на италијанските банки, откако ЕЦБ објави дека дури девет банки не го издржаа тестот и покажаа недостиг на способност да издржат рецесија или друг тип на криза.
Најлошата меѓу нив, италијанската банка Монте деи Паски престана да тргува со своите акции, откако негативните резултати на стрес тестот предизвика остар пад на вредноста на нивните акции.
Акциите на Монте деи Паски паднаа за цели 17% откако ЕЦБ објави дека оваа банка покажува најлоши резултати во справувањето со финансиска криза. Кај оваа банка беше откриен недостиг на капитал од цели 2,1 милијарди евра и многу ризични пласмани.
Акциите паднаа и на останатите банки кои беа негативно оценети на тестот. Дури и на британските банки, кои го поминаа тестот, акциите покажаа мал пад на вредноста.
Но затоа, акциите на австриските Ерсте Банк, Рајфајзен и германската Комерцбанк утрово покажаа раст на цената на акциите за 5% откако добро поминаа на тестот на ЕЦБ.
Слично
