Акциите на Гугл достигнаа рекордна вредност
За периодот од јули до септември, Гугл објави профит од 2,97 милијарди долари.
Приходите главно се должат на зголемување на рекламирањето и гуголовиот сектор во мобилната телефонија. Делот на Моторола и донесе загуби на компанијата. Акциите по објавување на податоците достигнаа рекордна вредност на 941,25 доалри со скок од шест проценти.
Платени кликови забележале раст за 28 проценти во споредба со третиот квартал од минатата година, како и осум проценти во однос на претходната година. Добивката по акција достигнува 10,74 долари, а вкупниот профит е повисок за речиси 800 милиони долари.
Слично
