Економија, финансии, бизнис

Контакт

Акциите на европските берзи во постојан пад

Акциите на европските берзи во постојан пад
Поголемиот дел од европските берзи регистрираа пад на акциите, поради тоа што инвеститорите се загрижени околу глобалниот технолошки сектор, каматните стапки во САД и немирите во Украина. Лондонскиот индекс на акции ФТСЕ 100 се намали за 1,09 проценти на 6.622,84 поени, парискиот САС 40 за 1,08 проценти на 4.436,08 поени, франкфуртскиот ДАХ 30 за 1,91 проценти на 9.510,85 поени, пренесе Франс прес. „Најновиот извештај за немирите во источна Украина не помага да пораснат апетитите на инвеститорите за превземање ризик, бидејќи се стравува дека ваквата ситуација многу лесно би можела да има слична разврска како ситуацијата со Крим“, изјави аналитичарот на компанијата ИГ, Крис Бешом. На падот на акциите на европските берзи големо влијание имаат и песимистичките вести од технолошкиот сектор. Акциите на британскиот производител на чипови АРХ Холдингс се намалија за 2,4 проценти на Лондонската берза, додека акциите на германскиот произведувач за полупроводници Инфинеон паднаа за 1,8 проценти. Позитивниот извештај околу невработеноста во САД се протолкува како потврда за потребата за намалување на монетарното стимулирање на американската Централна банка, преку подигање на каматните стапки од сегашното рекордно ниско ниво, што е најавено за средината на 2015 година.
Слично

Поврзани вести