Акциите на Епл тонат, новиот ајфон ги потопи?
Акциите на Епл паднаа нешто повеќе од 2,5 отсто на крајот на вчерашното тргување.
Брокерите и трговците шпекулираат дека ова е резултат на приказната за слабата побарувачка на новиот ајфон 8.
Епл не го соопшти точниот број на продадени телефони, но судејќи според изворите кои го следат овој сектор (снабдувачи, оператори, аналитичари, доставувачи), изгледа дека се работи за лоша продажба,а лошите вести брзо се шират.
Шпекулации предизвикала и студија на „Економик тајмс“ во кој неименувани извори говорат за намалување на порачките за ајфон од дури 50 отсто.
Слично
