Ајфеловата кула затворена, вработените бараат поголеми плати
Ајфеловaта кула е затворена денеска поради штрајкот на вработените кои се жалат на ниските плати и лошите услови за работа.
Компанијата „СЕТЕ“ која стопанисува со кулата, се извинила на туристите и соопшти дека во тек се преговори меѓу менаџментот и вработените, за да се најде решение.
Претставник на компанијата кажа дека вработените се одлучиле за штрајк по денешниот состанок на кој дошло до несогласување за платата и условите.
Ајфеловата кула, која привлекува милиони туристи годишно, е затворена во период кога Париз се обидува да го оживее туризмот по терористичкиот напад, поплавите и протестите.
Лани земјата имаше сериозни загуби во туризмот поради нападите.
За сметка на Франција, повеќе посети имаше соседна Шпанија.
Слично
