Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ајфеловата кула ќе стане трговски центар

Ајфеловата кула ќе стане трговски центар
Освен туристичка атракција, Ајфеловата кула наскоро ќе стане и трговски центар. Планот за реконструкција треба да се реализира до крајот на годинава, а со него во кулата ќе биде изграден дел за шопинг, канцеларии, ресторани и театар. Новите објекти ќе се протегаат на површина од 5,5 илјади квадратни метри. Освен ова, во обид да се зголеми енергетската ефикасност, на објектот ќе бидат поставени и соларни панели. Целиот проект за реконструкција на една од најголемите знаменитости во Париз ќе чини 25 милиони евра, а за тие пари ќе се направат и резервоари за собирање и прочистување на дождовница, како и на стаклени заштитни огради.
Слично

Поврзани вести