Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ајфеловата кула ќе добие заштита од непробојно стакло

Ајфеловата кула ќе добие заштита од непробојно стакло

Франција започнува нов градежен зафат околу Ајфеловата кула со кој се предвидува поставување на заштитна зона во случај на терористички напади. Најпрво ќе се постави стаклен параметар кој ќе биде отпорен на куршуми, како и специјални бетонски столбови кои ќе спречат навлегување на возила или камиони кои би се користеле за прегазување на пешаци во едно од најомилените туристички места на светот.

Заштитниот план е изработен од австрискиот архитект Дитмар Фајхтингер.

Изградбата треба да започне денеска, а ќе трае половина година. Ѕидот ќе биде висок 2,5 метри, а покрај него се планирани бетонски столбови кои треба да спречат терористички напади со камиони.

Фајхтингер истакна дека ќе се обидат оградувањето на Ајфеловата кула да биде колку е можно подискретно.

– Избравме високо квалитетно, за куршуми непробојно стакло, со дебелина од 70 милиметри, со цел да се остави отворен погледот, објасни австрискиот архитект.

Трошоците за изградбата на ѕидот ќе изнесуваат 20 милиони евра и тие треба да бидат финансирани со зголемување на цената на билетот за влез на Ајфеловата кула, која годишно ја посетуваат околу шест милиони луѓе.


Слично

Поврзани вести