Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ахрендс ја напушта Burberry и се сели во Apple

Ахрендс ја напушта Burberry и се сели во Apple
Долгогодишниот извршен директор на „Burberry Group“, Анџела Ахрендс ќе  ја напушти групата за луксузни стоки, за да почне со работа во „Apple“. Од компанијата најавија дека Ахрендс ќе си замине до средината на 2014-та година, по што главниот трговски директор Кристофер Бејли ќе ја превземе и нејзината улога во компанијата. Тој, исто така, ќе се приклучи и во одборот на директори. Од „Apple“ најавија дека Ахрендс ќе ја заземе функцијата нов постар заменик претседател на трговијата на мало и онлајн продавницата на „Apple“. Акциите на „Burberry“ паднаа за четири проценти, а од компанијата се обидоа да ги смират акционерите со тоа што објавија дека стратегијата на компанијата нема да се промени, откако Бејли ќе стане извршен директор и дека компанијата е задоволна од резултатите во Кина.    
Слично

Поврзани вести