Ахмет Давутоглу и официјално премиер на Турција
Новоизбраниот турски претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека Ахмет Давутоглу, поранешниот шеф на дипломатијата, утре ќе довери формирање на новата влада, како и дека составот на новиот кабинет ќе биде објавен веќе следниот ден.
„Со божја волја, утре Давутоглу ќе даде мандат за формирање влада, а новиот кабинет ќе биде објавен во петок“, изјавил Ердоган пред собраните претставници во очи одржувањето на вонредниот конгрес на турската владеачка Партија на правдата и развој (АКП), пренесува Ројтерс.
На тој конгрес денеска Давутоглу ќе биде потврден како нов премиер, што е позиција на која лично го избрал претходниот претседател на владата Ердоган.
Покрај тоа, Давутоглу Ердоган ќе го замени и на местото претседател на партијата АКП.
Фукцијата пртседател на Турција воглавно е церемонијална, но Ердоган и порано најави дека ќе ги користи и овластувањата кои порано не ги коирстеле, како што се закажување и претседавање со состаноците на кабинетот.
