АГРЕСИВНА ПРОГНОЗА: До 2035 година Европејците ќе купуваат само електрични автомобили
По помалку од две децении сите нови автомобили кои ќе се продаваат во Европа, ќе се електрични. Ова ќе се должи како државна поддршка, така и на падот на цените на батериите. Така гласи прогнозата на холандската меѓународна банка ING, пренесува The Guardian.
Сепак од банката предупредуваат дека ако електричните автомобили сочинуваат 100% од продажбата на нови автомобили на континентот во 2035 година, тоа ќе ги стави европските автомобилски производители во губитничка позиција спрема азиските и нивните американски конкуренти. Тие веќе водат во производството на батерии.
Прогнозата на ING е многу агресивна, отколку други проекции, како таа на британската Национална мрежа која во четвртокот изјави дека очекува 90% од новите автомобили во земјата да се електрични до 2050 година . Посветеноста на Франција да ја забрани продажбата на нови бензински и дизел автомобили до 2040 година, исто така, укажува на тоа дека во Париз очекува побавно навлегување на електричните возила.
Со проширување на инфраструктурата за надополнување на електрични автомобили и падот на цената на автомобилите сепак од ING се уверени дека возилата целосно на струја меѓу 2017 и 2024 година ќе "станат рационалниот избор за возачите во Европа".
