Економија, финансии, бизнис

Контакт

АГОНИЈА ВО БОЛНИЦИТЕ ВО ГАЗА: Лекар вели дека е подобро ранетите деца да беа мртви

АГОНИЈА ВО БОЛНИЦИТЕ ВО ГАЗА: Лекар вели дека е подобро ранетите деца да беа мртви

Деца и натаму страдаат во Појасот Газа. 

„Тешко ранетите деца во Газа е подобро да се мртви, тоа е реалноста“, вели лекарот Омар Абдел-Манан.

Израел продолжува со воените дејствија против терористичката група Хамас. 

„Најголемата болница во Газа има гориво за генераторите уште неколку часа“, изјави лекарот за Sky News. 

Тој објасни дека светлата ќе се изгаснат, вентилаторите ќе престанат да работат, предвремено родените бебиња ќе „умираат“ и „оние на дијализа секој ден ќе умрат“. Кажа дека е во контакт со медицински експерти во болницата Ал Шифа на „дневна основа“ и дека ситуацијата е „катастрофална“.

Лекарот раскажа дека видел фотографии од деца со „распарчени екстремитети, осакатени тела и изгореници на лицата“ и додаде дека „нема достапен лек за овие деца“. 

„Тие се во страшни болки, во агонија“, додаде Абдел-Манан.

Египетските власти подигнаа теренска болница во Шеик Зувеид во близина на граничниот премин Рафа. Болницата треба да ги лекува ранетите од Газа, кои почнаа да пристигнуваат во Египет преку преминот Рафа. Палестинците во Западен Брег и Источен Ерусалим денеска почнаа со генерален штрајк со цел да се осуди израелската агресија врз Појасот Газа и Западен Брег. Штрајкот е во организација на партијата Фатах, ќе влијае на бизнисот, банките и универзитетите. На 7-ми октомври, Хамас почна со напади на Израел. 

Член на Хамас се закани дека пак ќе има такви напади затоа што целта им е уништување на Израел. 

Слично

Поврзани вести