Економија, финансии, бизнис

Контакт

Африканскиот „Спајдермен“ доби државјанство и работа од Макрон

Африканскиот „Спајдермен“ доби државјанство и работа од Макрон

Новиот херој од Париз, 22-годишниот Мамуду Гасама од Мали, во знак на благодарност за спектакуларното спасување дете, доби признание од највисока инстанца - беше примен од францускиот претседател во Елисејската палата. Во таа прилика Емануел Макрон му ветил добивање француско државјанство и прием на работа во пожарникарска служба.

Макрон му предал и одликување на бегалецот за неговата храброст и самопожртвуваност. Младиот човек со неверојатна акција на искачување по балконите на една зграда во Париз, спаси од пад четиригодишно дете, кое висеше држејќи се за работ на балконот на четврти кат.

„Мислев само на неговото спасување, а благодарени на Бога, успеав да го спасам“, изјави Гасама за ТВ БМФ.

Минувачи го снимиле пожртвуваниот чин на младиот човек од Мали, кого медиумите го нарекуваат „Спајдерман“, а видеото е прегледано преку милион пати на социјалните мрежи.


Слично

Поврзани вести