Економија, финансии, бизнис

Контакт

Африканците лудуваат по хамбургери, но немаат месо

Африканците лудуваат по хамбургери, но немаат месо
Не е лесно хамбургерот да го пробие својот пат во Африка. Во последните неколку години во Нигерија Johnny Rockets Group Inc. ја отвори првата ретро сендвичара на континентот, а Burger King Worldwide Inc. ја пресече лентата на еден од своите 200 ресторани кои има во план да ги отвори во Јужна Африка и соседните земји. Идната година CKE Restaurants Inc. ќе го отворат својот ланец во Нигерија и Јужна Африка. Некои од најголемите произведувачи на хамбургери го внесуваат на континентот американското класично кулинарско искуство. Но тоа патешествие го деформира ланецот на добавувачите поради недостигот на доволен број камиони со ладилници, а во магацините мора да се чуваат свежи пордукти. На многу места африканците го конзумираат говедското месо по бргу отколку што фармерите за добиток можат да достават. Тоа означува дека цените на говедското месо ќе продолжи да расте. Некои компании се однесуваат претпазливо. Сакаат да се осигураат дека Африка е подготвена за двојни менија. McDonald's Corp. има 177 ресторани  во Јужна Африка, но има мал апетит за навлегување во останатиот дел од континентот. За други пак е дојдено вистинското време. „Африка... Тоа е последниот континент“, вели потпреседателот за меѓународен развој на CKE Restaurants Inc. Џеф Спир. „Ако не започнеме сега, никогаш нема да го направиме тоа.“ Успехот на пилешкото и пиците додава вераба за хамбургерите. Yum Brands Inc. одржува над 1000 KFC ресторанти во Африка. Во 2010 имаше 600. Петтте претставништва на Domino's Pizza Inc. во Нигерија се најоптоварените од сите останати ресторани на брендот низ светот. Тоа го тврди Ерик Андре, кој ја има франшизата на Domino's во Нигерија. Поради недостигот на вода тој требало да ископа извори и да постави пречистителни станици зад секој ресторан, што е инвестиција од 60 000 долари за секој. Само двајца од неговите 76 вработени пробале пица поради што тој ораганизирал курс за обука за својот менаџмент во Менхетн. Веројатно за ланците кои нудат хамбургери, најголем проблем е како да набават месо. Од Нигерија до Намибија – сите кланици се потпираат на локалните како на извор на месо. Тоа го принудува главниот и извршен директор на Burger King за Јужна Африка, Џеи Синклер да инвестира 5 милиони долари за создавањето на фарма од која треба да се произведуваат 1,2 милиони хамбургери неделно. Според неговите зборови, брендот води разговори за отворање на нови ресторани во Ангола, Кенија, Нигерија и Гана. Снабдувањето на еден ресторант може да биде исто толку тешко, како и да отвориш еден. Минатата година Крис Неимн се откажа од работата во Калифорнија за да отвори прв ресторант од ланецот Johnny Rockets во Нигерија. Недели пред да ја пресече лентата минатиот Ноември, тој се уште не можеше да пронајде добавувач на говедско месо. Неимн, потрошил 15 илјади долари за набавка на илјадници ладилници со авион. Не било се како што планирал, поради што на шега тој вели дека било подобро да произведува Ајвар. Но има и нешто друго. Неговиот производ во стилот на 50-те години од XX век е скап. Најевтиниот хамбургер на Johnny Rockets чини 14 долари.   K.K
Слично

Поврзани вести