Африка живее во сиромаштија, но бројот на милијардери расте
Во Африка живеат 55 милијардери, а речиси половина од нив се наоѓаат во Нигерија, според класификацијата која ја направи американскиот весник Венчур. Иако сиромаштијата продолжува да расте, Африка брои многу повеќе милијардери отколку што се мисли, пишува весникот во последната анализа.
Меѓу 550 најбогати Африканци 20 се од Нигерија. Јужна Африка и Египет го заземаат второто и третото место со девет и осум милијардери.
Нигерискиот бизнисмен, Алико Дангот е најбогат Африканец неколку години наназад, а неговото богатство се проценува на околу 20 милијарди долари. Овој милијардер кој богатството го стекнал со цемент, денеска поседува вистинско индустриско царство кое опфаќа млинови, фабрики за шеќер...
Најбогата Африканка е Фолоруншо Алаки од Нигерија се наоѓа на чело на нафтената компанија Фамфа Оил. Петмина од милијардерите на Јужна Африка и припаѓаат на белата раса, постари се од 60 години, а се збогатиле со финансиски трансакции и трговија, пишува весникот. Најголемиот дел од приходот сега го остваруваат од инвестиции во странство, во Лондон, Њујорк и Цирих.
Мнозинството нигериски милијардери своето богатство го стекнале со нафта, бидејќи Нигерија е првиот производител на континентот. Во студијата исто така се наведува дека Африка има се повеќе значително богати, а повеќе земји од континентот бележат економски раст и покрај светската криза, но сиромаштијата сепак не се намалува.
Според податоците на Светската банка, во Субсахарска Африка која во 1981 година, броела 205 милиони екстремно сиромашни, во 2010 имала двојно повеќе сиромашни, односно околу 414 милиони.
Слично
