Економија, финансии, бизнис

Контакт

Африка ќе вакцинира 70 oтсто од населението дури во 2024 година

Африка ќе вакцинира 70 oтсто од населението дури во 2024 година

Со ова темпо Африка ќе вакцинира 70 oтсто од населението дури во 2024 година, смета Светската  здравствена организација (СЗО). 

Прагот од 70 проценти е клучен за контрола на пандемијата, потсети Регионалната канцеларија на СЗО за Африка. 

Но, до 13 декември, само дваесет африкански земји вакцинираа најмалку 10 проценти од населението, само шест достигнаа 40 проценти и две (Маурициус и Сејшели) 70 проценти.

Бројот на новозаразени се удвојува на секои пет дена, што е најбрзо темпо од почетокот на годината. 

Минатата недела бројот на новозаразени со Ковид-19 скокнал за 83 отсто, што може да се припише на новата варијанта на омикрон, која првпат е откриена на 24 ноември во Јужноафриканската република.

Овој сој го има во 63 држави. 

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести