Економија, финансии, бизнис

Контакт

Афлатоксин откриен и во млеко во Холандија

Афлатоксин откриен и во млеко во Холандија
Афлатоксин е откриен и во млекото на две холандски фарми, соопшти денеска Организацијата за индустрија на млеко во Холандија. Организацијата која опфаќа 98% од холандските дарми за млеко и околу 9.000 работници вработени во овој сектор е уверена дека контаминираното млеко со афлатоксин од овие фарми не е пуштено во продажба. Според прелиминарните информации кои ги пренесува Итар тас изворот за појава на афлатоксин во млекото е поради заразена пченка која е користена за исхрана на стоката. За потсетување, германскиот весник Шпигл минатата недела објави дека во Германија се откриени 10.000 тони пченица увезена од Србија која има повисоко ниво на афлатоксин и која се користи како сточна храна. Според весникот, дел од оваа сточна храна стигнала и во фармите во Холандија.          
Слично

Поврзани вести