Економија, финансии, бизнис

Контакт

Аферата во Ватиканската банка ја тресе Италија, уапсен е еден бискуп

Аферата во Ватиканската банка ја тресе Италија, уапсен е еден бискуп
Тројца осомничени, меѓу кои и еден свештеник се уапсени поради аферата со незконските трансакции на Ватиканската банка кои ја тресат Италија. Неодамна и самиот папа Франциско формираше истражна комисија.
Меѓу уапсените е познатиот италијански бискуп од Салерно, Нунцио Скарано, еден соработник на тајните служби и  финансиски експерт. Како што јавуваат италијанските медиуми апсењето е направено само два дена по наредбата на папата Франциско за отворање на внатрешна истрага. Бискупот се товари за низа сомнителни трансакции, поврзани со преправани чекови, прикажани како дел од црковната донација што минувале низ Банката на Ватикан.Тој пред еден месец бил суспенидарн од своите должности поради тоа што полицијата се сомневала дека земал од сметката на Ватиканската банка сума од 600.000 евра, а парите ги делел на свои пријатели и мафијата.  Портпаролот на Ватикан засега одбива да ја коментра целата ситуација.
Официјално позната како Институт за религиозни работи, ватиканската банка е најтаинствената и најзатворената финансиска инситуција во светот. Има само 117 вработени, но располата со имот и финансии во вредност од 7,1 милијарди долари. Оваа банка одбива соработка со италијанските власти повикувајќи се на суверенитетот и независноста на државата Ватикан, но папата Франциско им даде одврзани раце на членовите од комисијата, со што ги заобиколи нормалните прописи за тајност во Ватикан.
Слично

Поврзани вести