АФЕРАТА ГО ДРМА ЦЕЛ СВЕТ: Акциите на Фолксваген и денес во пад!
Акциите на Фолксваген продолжија да паѓаат и денес, трет ден по ред, бидејќи американскиот произведувач на автомобили признал дека го наместил мерењето наниздувните гасови во САД.
Акциите на Фолксваген утрово во Франкфурт паднаа за четири одсто, и забележале катастрофални понирања од 17 и 20 одсто.
Таа компанија вчера соопшти дека 11 милиони нејзини дизел возила ширум светот имале софтвер кој може да избегне контрола на емисиите на издувните гасови, што е далеку помалку од 482.000 проблематични автомобили за кој властите во САД востановиле дека ги кршат законите.
Фолксваген најави дека ќе издвои 6,5 милијарди евра за покривање на трошоците на скандалот, но е прашање дали тоа ќе биде доволно, бидејќи само казната во САД би можела да биде речиси три пати поголема.
Директорот на Фолксваген Мартин Винтеркорн рекол дека му е „бескрајно жал“ и замолил на таа компанија да и се укаже доверба. Прашањето е, меѓутоа, колку тој ќе остане на чело на компанијата.
Американската Агенција за заштита на околината соопшти минатата недела дека Фолксваген би можел да биде казнет со 18 милијарди долари бидејќи востановила дека скоро 500000 дизел автомобили Фолксваген и Ауди се произведени во последните седум години, опемени така што при техничка контрола лажно го покажуваат составот на издувните гасови.
Во спорните автомобили бил вграден уред програмиран така да открие кога автомобилот поминува низ официјално тетсирање на издувните гасови во САД. Автомобилите само тогаш го вклучуваат компјутерскиот систем за полна контрола на составот на издувните гасови, а таа контрола е исклучена во текот на нормални услови за возење, иако би морала да биде често уклучена.
