Афера во Кина, месо од стаорци се продава како говедско
Поради аферата за продажбата на месо од стаорци и лисици како јагнешко или говедско во Кина, за три месеци се уапсени 904 лица во истрагата на Министерството за јавна безбедност .
Од 25 јануари, кога беше обелоденета аферата, па до мај во Кина се регистрирани 382 случаи на продажба на месо или месни преработки од стаорци и лисици, а биле одзмени и уништени над 20 илјади тони лажно декларирано месо.
Како што мпосочуваат од Министерството за јавна безбедност на Кина, производителите на месото во него ставале разни хемикалии за да го неутрализираат неговиот вистински вкус и за да наликува на јагнешко или говедско. Кинеските медиуми објавија дека производител на месо во источна Кина, од продажбата на месото од стаорци и лисици како говедско, заработил над 1,62 милиони долари.
Во меѓувреме поради појавата на птичји грип, Кинезите го избегнуваат користењето на пилешко месо и го заменуваат со говедско.
