АФЕРА ЈА ТРЕСЕ ГЕРМАНИЈА: Тајната служба ги крши законите и прислушувањето на граѓаните
Германската тајна служба БНД ги надгледува електронските комуникации на граѓаните без повод и ги чува како метаподатоците, така и податоците за содржината на комуникација со тешки огрешувања за постоечките закони за заштита на податоците за личностите, пренесува германски Дојче Веле.
[embed]https://twitter.com/dwnews/status/771634083961057280?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed]Кога Едвард Сноуден пред три години откри дека тајните служби комплетно го надгледуваат дигиталниот свет, а американската тајна служба NSA ги прислушува мобилните телефони на германската канцеларка и други високи политичари, владата во Берлин направи се информациите за тоа што побрзо да се заташкаат.
Во август 2013 министерот во канцеларискиот уред Роланд Пофал (CDU) ја прогласи аферата за завршена и нагласи дека обвинувањата се „отстранети од маса“.
[embed]https://twitter.com/MaxMicrostopper/status/771433762596978689?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed]Тогашниот германски овластеник за заштита на податоци Петер Шар, незадоволен со тој одговор, го испрати својот тим во контролна посета на прислушната централа на германската разузнавачка служба во Бад Ајблинг.
