Економија, финансии, бизнис

Контакт

АфД ОЧЕКУВА ИСТОРИСКИ УСПЕХ – ОДЅИВОТ Е ОГРОМЕН: „Најголема утеха за Европа е што Шолц повеќе нема да биде на власт“

АфД ОЧЕКУВА ИСТОРИСКИ УСПЕХ – ОДЅИВОТ Е ОГРОМЕН: „Најголема утеха за Европа е што Шолц повеќе нема да биде на власт“

Германските граѓани со право на глас денеска излегуваат на гласање на општите избори на кои конзервативците се фаворити по кампањата потресена од подемот на екстремната десница и драматичното враќање на американскиот претседател Доналд Трамп. Гласачките места беа отворени во 8 часот, а право на глас имаат повеќе од 59 милиони Германци. Првите проценки врз основа на излезните анкети се очекуваат по затворањето на гласачките места во 18 часот.

Според анализите, веројатно новиот канцелар Фридрих Мерц вети цврста промена надесно доколку биде избран со цел да ги врати гласачите за екстремно десничарската антиимиграциска Алтернатива за Германија (AfD), која очекува рекорден резултат по серијата смртоносни напади за кои се обвинуваат барателите на азил.

„Ова се веројатно најважните повоени избори во Германија“

„Ова се веројатно најважните повоени избори во Германија“, пишува колумнист на Политико. Тој додава: Единствената утеха за европскиот континент зафатен со криза и за украинскиот претседател Володимир Зеленски е што Шолц наскоро повеќе нема да биде на власт.

Анкетите предвидуваат убедлива победа на Демохристијаните (ЦДУ), а веројатно е дека лидерот на партијата Фридрих Мерц ќе ја формира следната влада.

Иако Мерц има многу недостатоци, вклучително и тенденција да дава импулсивни изјави, недостатокот на решителност не е еден од нив, пишува Politico.

фото: EPA-EFE/FILIP SINGER

фото: EPA-EFE/HANNIBAL HANSCHKE


Слично

Поврзани вести