Аеросмит бараат Доналд Трамп да престане да ги користи нивните песни
Фронтменот на рок групата Аеросмит, Стивен Тајлер побарал од Доналд Трамп да престане да ја користи нивната песната „Dream On“ во својата кампања за претседателската номинација на Републиканската партија на САД.
Адвокатите на Тејлор веќе испратиле писмо до штабот на Трамп. Според нив од Тејлор не било побарано дозвола за употреба, на која и да е негова песна во рамките на кампањата и така се создава впечаток дека тој е поврзан со кампањата на магнатот.
Тејлор е регистриран републиканец и дури присуствува на првата дебата на претендентите во август. Според неговите адвокати не станува збор за политички или личен проблем од страна на Тејлор кон Трамп, туку за кршење на авторските права. Се уште нема одговор од штабот на магнатот.
