Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Аерофлот“ постигна рекорден број на транспортирани патници

„Аерофлот“ постигна рекорден број на транспортирани патници

Нов рекорд според бројот на транспортирани патници во јули постигна руската авиокомпанија „Аерофлот“, таа пренесе вкупно 2,1 милион патници,а тоа е за 17,4 проценти повеќе од истиот период минатата година.

Така „Аерофлот“ за прв пат во својата понова историја пренесе повеќе од два милиони патници, се наведува во соопштението на компанијата.

Авиопревозникот, границата од еден милион патници прв пат ја премина во април 2011 година и во текот на 2012 година вложи големи напори за постигнување на новиот рекорд, пренесува агенцијата Франс прес.

„Аерофлот“ го завзема првото место во Русија според бројот на транспортирани патници и таа активно го проширува своето работење. Во првата половина од годината компанијата транспортирала 9,5 милиони патници, што е за 20 проценти повеќе од истиот период во 2012 година.

Според стратегијата за развој до 2025 година, компанијата „Аерофлот“ планира да транспортира повеќе од 70 милиони патници годишно, од кои 30 милиони во Русија.

Според бројот на транспортирани патници и остварени приходи „Аерофлот“ има за цел да влезе меѓу првите пет авиокомпании во Европа и меѓу првите 20 во светот.

Слично

Поврзани вести