Аеродромските гужви прв ефект од буџетските кратења во САД
Новите буџетските кастрења во САД тешки 85 милијарди долари, веќе предизвикаа долги редици по аеродромите, пренесоа светските медиуми.
Министерот за внатрешна безбедност Џенет Наполитано претходно ги предупреди луѓето кои ќе патуваат со авиони да тргнат порано од вообичаеното на аеродром. Проблемот се јави најпрво кај скенерите за проверка на некои аеродроми, особено на големите, каде намалување на работното време на повеќемина аеродромски службеници ја влоши и онака тепката ситуација.Како резултат на буџетските кастрења отпаѓаат дополнителните часови работа за агентите на службата за безбедност на транспортот и на цариниците. Затоа сега проверките на дел од аеродромите траат три пати подолго.
Слично
