Економија, финансии, бизнис

Контакт

Аеродромите се претвораат во луксузни туристички центри

Аеродромите се претвораат во луксузни туристички центри

Спа, луксузни ресторани, продавници и барови, како и хотели, изградени веднаш до пистата - наскоро може да биде обична глетка за меѓународните аеродроми во светот, се наведува во анализата „CNBC“.

За многу од луѓето аеродромот е местото низ  кое се поминува, патувајќи од една точка до друга.

Често сепак лошите временски услови, задоцнети летови или механички проблеми со авионот ги забавуваат полетувањата и ги остават заглавени патниците на терминалите со часови.

Тоа е и честа глетката на патници кои го користат личниот багаж или облека, за да се сместат поудобно.

Тоа наскоро ќе исчезне, сметаат од „CNBC“ и укажуваат на бранот од понуда на повеќе луксузни услуги од страна на аеродромите и хотелите, изградени во близина на падините на аеродромите.

Покрај бизнис центрите и конференциски сали, овие хотели веќе градат базени по покривот, на пример.

На домашниот хотел на меѓународниот аеродром во Ванкувер се нудат полни спа-услуги, фитнес и базен. Голем дел од собите се со поглед кон пистата, наведува весникот. Од хотелот се радуваат на растечките приходи од ноќевањата.

Слично

Поврзани вести