Економија, финансии, бизнис

Контакт

АДМИРАЛ НА НАТО КАЖА ДЕКА ОДАМНА ЌЕ ГИ ПРОТЕРАЛЕ РУСИТЕ: Има една причина поради која не влегоа во Украина

АДМИРАЛ НА НАТО КАЖА ДЕКА ОДАМНА ЌЕ ГИ ПРОТЕРАЛЕ РУСИТЕ: Има една причина поради која не влегоа во Украина

Адмирал на НАТО откри што ја спречува Алијансата да испрати трупи во Украина.

„НАТО одамна би испратил трупи во Украина, но Русија има моќен нуклеарен арсенал“, изјави шефот на воениот комитет на Северноатлантската алијанса, адмиралот Роб Бауер на одбранбен самит во Чешка.

Бауер изјави дека присуството на нуклеарното оружје на Русија е нејзината клучна разлика од другите противници на НАТО. Бауер додаде дека „рускиот нуклеарен арсенал останува најголем во светот, и дека заедно со американскиот сочинува 90 отсто од светските залихи на нуклеарно оружје“’.

„Апсолутно сум убеден дека кога Русите би немале нуклеарно оружје, ние одамна би биле во Украина и би ги исфрлиле од таму. Но, тие имаат нуклеарно оружје. Значи, не е исто како во Авганистан“, објасни Бауер.

Тој кажа дека за него е голема разликата меѓу Авганистан и Украина, односно дека Авганистан никогаш немал стратегиско значење.

„Дали Украина има стратегиско значење? Да. Затоа што е поврзана со расправата за меѓународниот поредок заснован на правила, поврзана е со она што е во срцето на Европа, како и со амбициите на Русија и, индиректно, со амбициите на Кина“, наведе адмиралот на НАТО.

Идејата за испраќање НАТО трупи во Украина не е нова. 

Во февруари францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека не исклучува испраќање западни трупи во Украина, но повеќето сојузници на Киев, вклучувајќи ги Германија и САД, ја отфрлија таквата идеја. Макрон кажа дека ако Русите напредуваат кон Одеса, тој ќе испрати француски војници да помогнат на украинските, но тоа не се случи. Напротив, на 6 август годинава, Украинците упаднаа на руска територија и го заземаа Курск. 

foto EPA

Слично

Поврзани вести