Adidas со загуба од 293 милиони евра во четвртиот квартал лани
Производителот на спортска опрема„Adidas“во последниот квартал од минатата година забележа загуба, главно поради проблемите со нивниот бренд „Reebok“, пренесуваат странските медиуми.
Вториот најголем светски произведувач на облека и чевли оствари оперативна загуба во последниот квартал од минатата година од 239 милиони евра.
Компанијата ги намали прогнозите и за наредниот период, поради лошите резултати од продажбата на брендот „Reebok“.
Во текот на изминатата година оперативната добивка на „Adidas“ е намалена за 3,4 проценти, на 920 милиони евра.
Минатата година „Adidas“ ги намали предвидуваните прогнози за продажбата во наредниот период за една третина
Слично
