Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Adecco“ бележи пад од 40 проценти

„Adecco“ бележи пад од 40 проценти
Светска агенција за вработување „Adecco“ во првиот квартал оствари профит од 67 милиони евра. Со овие бројки таа бележи  пад од 40 проценти во однос на истиот период од минатата година. Приходите на оваа милтунационална компанија, со седиште во Швајцарија, во првиот квартал од 2013 година беа пониски од оние кои ги очекуваа аналитичарите. Тие изнесуваа 4,56 милијарди евра, што е намалување од 10 проценти на годишно ниво, пренесуваат швајцарските медиуми. На францускиот пазар, кој е главниот пазар на компанијата „Adecco“, приходите изнесуваа 1,05 милијарди евра, што е пад за 17 проценти, додека во Северна Америка тие се зголемија за 2 проценти, на 888 милиони евра. Додека во Швајцарија, која учествува со само два проценти во вкупните приходи е забележан пад на приходите од девет проценти. На јапонскиот пазар, приходите исто така се намалија, и тоа за 21 процент, на 292 милиони евра, додека во земјите во развој, „Adecco“ забележа пораст на приходите од четири проценти, на 449 милиони евра, особено благодарение на динамичните активности во Латинска Америка.
Слично

Поврзани вести