Економија, финансии, бизнис

Контакт

Абу Даби - Ова правило мора да го знаете доколку сакате да работите таму

Абу Даби - Ова правило мора да го знаете доколку сакате да работите таму

За разлика од другите држави низ светот, Обединетите Арапски Емирати не нудат можност за долгорочно останување на странските државјани, без разлика колку време работат или живеат таму.

Како посебен град во светот се смета Абу Даби, и моментално таму живеат 80 проценти странци.

Можете да дојдете до виза за три години која ќе ви овозможи да ги доведете брачниот партнер и малолетните деца, но кога синот ќе ви наполни 18 години, тој мора да најде работа или пак да се запише на факултет.

Ова не важи и за ќерките, па така доколку не е мажена може да остане со родителската виза и после полнолетството.

Во Обединетите Арапски Емирати нема начин за долгорочна можност, па така доколку странскиот државјанин ја изгуби работата или дојде до периодот за пензионирање тој мора да ги напушти Емиратите, без разлика дури и да е роден таму.

Странците мора да бидат свесни дека тоа не е нивни дом, и иако оделе во исти училишта, имале исти правила, тие никогаш не биле и нема да станат граѓани на таа земја.

Слично

Поврзани вести