Економија, финансии, бизнис

Контакт

АБРАМОВИЌ, СЕЧИН, ДЕРИПАСКА, ЛЕБЕДЕВ... - британските власти ќе замрзнат имот на седум руски олигарси

АБРАМОВИЌ, СЕЧИН, ДЕРИПАСКА, ЛЕБЕДЕВ... - британските власти ќе замрзнат имот на седум руски олигарси

Британските власти одлучија да го замрзнат имотот на седуммина руски олигарси, меѓу кои и на Роман Абрамович.

Обединетото Кралство ги замрзна имотите на Роман Абрамович, Игор Сечин, Олег Дерипаска и Дмитриј Лебедев, откако тие беа додадени на листата на санкции на таа земја.

Абрамович е сопственик на фудбалскиот клуб Челзи, додека Дерипаска има удел во групата Ен +. 

Игор Сечин е извршен директор на Роснефт, а Лебедев е претседател на Управниот одбор на Банката на Русија.

„Не може да има безбедни засолништа за оние кои го поддржуваат жестокиот напад на Путин врз Украина“, изјави британскиот премиер Борис Џонсон, објаснувајќи ги новите санкции.

Портпаролот на Абрамовиќ изјави за Ројтерс дека не може веднаш да ги коментира санкциите на Обединетото Кралство.

Слично

Поврзани вести