Економија, финансии, бизнис

Контакт

Абот: Ситуацијата со заложниците е загрижувачка

Абот: Ситуацијата со заложниците е загрижувачка
Австралискиот премиер Тони Абот оценил дека ситуацијата со заложничката криза во Сиднеј зазема загрижувачки размери. На вонредна прес – конференција тој истакнал дека направено е се што е потребно за да се одговори на овој инцидент. „Ова очигледно е длабоко загрижувачки инцидент, но сите жители на Австралија треба да бидат уверени дека нашите безбедносни служби се добро обучени и опремени и дека одговараат на ситуацијата на сеопфатен и професионален начин“, истакнал премиерот Абот, пренесува „Russia today“. Тој открил дека се уште не се познати мотивите на напаѓачот но не ја отфрлил можноста нападот да има политичка позадина. Абот додал дека Комитетот на Владата за национална безбедност е известен за настанатата ситуација и дека стапил во контакт со премиерот на Нов Јужен Велс, кој понудил секаква можна помош и поддршка.  
Слично

Поврзани вести