Економија, финансии, бизнис

Контакт

АБДЕСЛАМ ПРОГОВОРИ: Ако сакав можеше да има уште жртви-но не го направи тоа!

АБДЕСЛАМ ПРОГОВОРИ: Ако сакав можеше да има уште жртви-но не го направи тоа!

Осомничениот како главен организатор на париските атентати Салах Абдеслам доброволно решил да не се самоубие за време на терористичките напади на 13-ти ноември. Тоа го изјавил неговиот брат Мохамед Абдеслам во интервју со белгиската телевизија BFMTV, цитиран од AFP и BBC.

При нападите загинаа 130 лица, а друг член на семејството, постариот брат Брахим Абдеслам беше еден од атентаторите кој се саморазнесе.

„Ако сакав, можеше да има уште жртви. За среќа не го направив тоа“, му рекол Салах Абдеслам на Мохамед кога последен пат го посетил во белгискиот затвор, каде осомничениот џихадист е уапсен.

Салах беше уапсен во неговиот роден кварт во белгиската престолнина Брисел минатиот месец.

Само 4 дена подоцна Брисел стана предмет на нови џихад напади во срцето на Европа, во кои загинаа 32 лица. Одговорноста, како и за оние во Париз, ја презеде терористичката група „Исламска држава“.

Трагањето на 26-годишниот Абдеслам продолжи 4 месеци. За него се смета дека е одговорен за логистика за време на париските напади. Пред истражните органи, тој призна дека требало да се разнесе пред стадионот „Стад де Франс“ како брат му Брахим, но се откажал.

Салах Абдеслам ќе биде екстрадиран во Франција, каде што според зборовите на живиот брат е подготвен да соработува со истражните органи. Тој негира дека е поврзан на каков и да е начин со бриселските напади.

Слично

Поврзани вести