Економија, финансии, бизнис

Контакт

Абделхамид Абауд имал врски со германски исламисти?

Абделхамид Абауд имал врски со германски исламисти?

Терористот Абделхамид Абауд кого француските тајни служби го сметаат за една од клучните фигури во организирањето на атентатите во Париз, имал контакти со германските исламисти, познати како „бригадата од Лохбергер“, многу од членовите на која во 2013 година се бореле во Сирија, соопштува „Der Spiegel“.

Лохбергер е област на градот Динслакен во Западна Германија.

Според податоците на властите над дваесет млади од Лохбергер кои локалните власти ги нарекле „појава на салафитско движење“, станаа борци на терористичката група „Исламска држава“.

Изданието нагласува дека во пролетта 2014 година Абауд и неговите соучесници живееле во една куќа со некои од членовите на бригадата во Азазе, Северна Сирија.

Заканите од терористички напади во Германија се оценуваат како големи, но федералната влада во Берлин не стравува од дополнително зголемување на ризикот поради вклучувањето на Бундестагот на коалицијата против „Исламска држава“, пишува уште „Der Spiegel“.

Портпаролот на фракцијата на „ЦДУ“ во Бундестагот и политичар во сферата на одбраната Хенинг ОТЕ смири: користење на германските ракети „Торнадо“ против „Исламска држава“ нема да ги зголеми ризиците.

„Напротив, станува збор за уривање на структурите, од кои произлегуваат овие терористички напади“, истакнал германскиот пратеник, додавајќи дека пасивноста во овој случај крие поголеми опасности.

Разгледани се и заканите за војниците од Бундесверот. „Ова е прецизна борбена група, земени се сите заштитни мерки“, истакна демохристијанот.

Слично

Поврзани вести