А мислевте дека вашата професија е чудна?
Сокривач на регистарски таблички и бебиситерка за ноеви, ова се само дел од најчудните професии во светот. Ширум планетата, од Шри Ланка, преку Австралија, до Иран, може да се најдат неверојатни професии. Понекогаш практични, живописни, па и смешни.
Така на пример во Техеран постојат професионални сокривачи на регистарски таблички. Во желбата да го растеретат сообраќајот, официјалните власти на иранската престолнина вовеле наплата за влез со автомобил во одредени градски зони. За да избегнат плаќање на казни одредени возачи им плаќаат на сокривачите да одат зад автомобилот кога тие со него минуваат покрај видео надзорот и со телото да ги прикриваат ознаките на табличките.
Во Шри Ланка за време на дефилето на слонови, овие животни парадираат низ улиците цо шарени костими кои ги шијат специјално акредитирани шнајдери.
Познато е дека ноевите имаат лош карактер и можат да бидат многу агресивни, посебно нивните младенчиња. За да го избегнат меѓусебното тепање, јужно афричките одгледувачи изнајмуваат бебиситерки за чување на бебињата ноеви. Нивната задача е да седат во полето и да внимаваат птиците да не се повредат.
Неженетите во Јапонија, на кои им е здосадено да спијат сами во кревет можат да изнајмат услуга од “другарките за дремка” кои како што кажува и самото име им прават друштво додека се препуштаат на сонот.
Оваа услуга чини 60 долари и исклучува сексуални услуги, единствено е дозволено спиење.
Долж австралиското Златно крајбрежје, една од главните туристички атракции во таа земја, одделни градови ангажираат девојки кои во бикини им помагаат на посетителите да најдат паркинг место, а можат, ако тоа го сакаат туристите и да се сликаат со нив.
К.К.
Слично
