Економија, финансии, бизнис

Контакт

95 заробеници избегаа од затворот на „Исламска држава“

95 заробеници избегаа од затворот на „Исламска држава“

Деведесет и пет затвореници избегале од затвор на „Исламска држава“ во Северна Сирија, вклучувајќи и околу 30 курдски борци, соопштија од Сирискиот центар за набљудување на човековите права (СЦНПЧ), пренесоа од агенциите.

Масовното бегство се случило во градот Ал Баб, на 30 километри јужно од турската граница.

„Исламска држава“ контролира територии во северна Сирија и управува со свои затвори, судови и други објекти во зоната која ја опишува како исламски калифат и која ги опфаќа и областите на соседен Ирак.

Меѓу избеганите има сириски цивили и припадници на исламистичкиот баталјони кои се противат на радикалната „Исламска држава“, соопшти СЦНПЧ.

„Исламска држава“ го поставила градот во состојба на тревога и ги повикувала на звучници локалните жители да ги уапсат бегалците.

Слично

Поврзани вести