Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кина го блокираше пристапот до Гугл

Кина го блокираше пристапот до Гугл
Во текот на вчерашниот ден Кина го блокираше пристапот до сервисите на Гугл како „Gmail“, „Diska“, „Analyticsa“ и „Google Maps“. Иако се уште не е познато зошто се блокирани овие страници на Гугл,  „CNN“ ова веќе го поврзаа со Конгресот на Комунистичката партија на Кина, кој се одржува еднаш на секои десет години и на кој се избираат нови лидери на партијата. Од Гугл веќе појаснија дека од нивна страна нема никакви проблеми со услугата. Неверојатна цензура: Кина го блокираше пребарувањето по клучниот збор „Xi“ Од веб страницата „GreatFire“, која собира податоци за блокирани сајтови и се фокусира главно на Гугл и кинескиот пребарувач „Baidu“ исто така сметаат дека блокирањето на пребарувачот воопшто не е случајност и претпоставуваат дека сите услуги на Гугл ќе бидат одблокирани по завршување на Конгресот. "Никогаш до сега одлуката за блокирање на веб-сајтови не засегнала толку многу луѓе", велат од  „GreatFireu“ и додадаваат дека ова е уште еден чекор кон одвојување на кинеската мрежа од интернет. Корисниците кои се обидуваат да пристапат кон сајтовите како Гугл пребарувачот и „Gmail“ се пренасочени кон други непостоечки веб-адреси . Ова е само последниот во серијата случаи на цензура во Кина - поради негативни написи за лидерите на земјата во последните неколку месеци се блокирани и страница на Њујорк тајмс и Блумберг, а  претходните години исто така честопати беа блокирани и страницате  на Гугл.
Слично

Поврзани вести