Економија, финансии, бизнис

Контакт

86 милијарди долари штета од природните непогоди во 2013-та

86 милијарди долари штета од природните непогоди во 2013-та
Поплавите во Европа и земјотресите во Кина се меѓу најголемите природните катастрофи кои нанеле 85 милијарди долари економски загуби во првото полугодие на 2013 година,пренесоа светските агенции. Оваа сума е за 10 милијарди долари повисока, во споредба со истиот период од 2012 година и за 15% пониска од 10-годишниот просек, се вели во извештајот на Aon Plc, пренесе Bloomberg. Осигурителните загуби за шесте месеци до јуни изнесуваат најмалку 20 милијарди долари,  или за околу 20% помалку во споредба со претходната година. „Најскапата природна катастрофа во првото полугодие на 2013 година се огромните поплави во Централна Европа во мај и јуни," пишува во извештајот. Поплавите, кои зедоа најмалку 23 жртви, предизвикаа економска штета за 22 милијарди долари и осигурителни штета за 5.3 милијарди долари. Земјотресот во Кина од 20 април, при што загинаа околу 200 лица, е втора најскапа природна катастрофа годинава со економска штета од околу 14 милијарди долари. Сушата во Бразил и Кина и лошото време со неколку торнада во САД, исто така, предизвикаа огромни загуби, стои  во извештајот.
Слично

Поврзани вести