800 потенцијални исламски терористи и се закануваат Европа
Над 800 потенцијални терористи кои „се подготвени на сè“, се вратиле во Европа, откако се бореле или тренирале во редовите на „Исламската држава“. Тоа го предупредија шпанските експерти за безбедност, цитирани од „Дејли телеграф“ .
Властите во Шпанија и Мароко пак соопштија дека уапсиле вкупно 14 лица под сомневање за учество во мрежа која бира и испраќа борци за групата „Исламската држава“.
„Оние кои се уапсени, се дел од мрежа, чија основна дејност била да избира и испраќа странски борци кои треба да се приклучат во редовите на терористичката организација „Даеш“(арапското име на „Исламска држава“) во региони на Сирија и Ирак под нивна контрола“, се вели во соопштението на шпанското Министерство за внатрешни работи.
Сириските активисти и медицински организации изјавиле дека имаат документирано напад со хемиско оружје, во што се повредени десетици лица во сирискиот град Маре, како и еден од изворите обвинители на „Исламска држава“, пренесе „Франс прес“. Организацијата „Лекари без граници“ соопштила дека лекуваат четворица цивили од едно исто семејство, кои биле изложени на хемиски материи на 21 август во Маре - главна тврдина на бунтовниците во северната провинција Алепо. Болните имале симптоми како „крвави очи, црвена кожа, конјунктивитис и отежнато дишење, следени околу три часа подоцна од појава на плускавци и влошување на дишните симптоми“, се вели во соопштението на медицинската организација. Според пациентите третирани во градот Алепо, во петокот минометен проектил удрил во нивната куќа, по што експлодирал и бил исполнет од жолта гас.
Сириско-американското медицинско друштво (САМС) посочи дека според неговите лекари во градот, станува збор за гас „Sams“, кој го има во болниците во Сирија, и објаснил дека над 50 цивили со симптоми од изложување на хемиски супстанции биле третирани во теренската болница во Маре. „Плускавци се појавиле по кожата на 30 цивили. Лекарите го идентификувале хемискиот агент како гас иприт“, изјавиле од компанијата во соопштението.
Новинарот Мамут ал Катуб, кој бил во Маре, изјавил дека над 50 минометни гранати истрелани од „Исламската држава“, паднале во центарот на градот во петокот. „Лекарите во полската болница ни рекоа дека имало случаи на задушување, тешка кашлица, крвави очи и лице и осип на кожата. Засегнати биле над 25 цивили, четворица од нив се во тешка состојба и биле префрлени во Турција“, соопшти новинарот активист, кој раководи со локалната антивладина новинска агенција „Шахба“.
Гасот иприт е задушувачки гас кој се користи за прв пат од Германците во Белгија во 1917 година. ОН ја забрани неговата употреба во 1993 година а „ИД“ со месеци се обидува да го заземе Маре. Градот е сметан за најголемиот извор на борци и оружје во провинцијата Алепо за бунтовниците кои се борат истовремено против режимот на Башар Асад и сунитската џихадисктичка група, забележува „АФП“. На 14 август администрацијата на САД објави дека е можно „ИД“ да користела иприт гас при нападите врз курдските милитанти во Ирак.
Се смета дека екстремистите се здобиле со овој гас во Сирија, откако режимот на Асад се ослободил од резервите од хемиско оружје под притисок на меѓународната заедница, или пак во Ирак, пишува весникот „Волстрит журнал“.
