8 работи кои треба да ги знаете ако се иселите во некоја европска држава
Мислите дека разумното однесување е доволно за да сте од вистинската страна на закодавството во Европа? Размислете повторно. Избегнување на активности кои се нелегални дома, е добра почетна точка, но тоа не е сосема доволно. Спречете ги казните и непријатните спорови со локалците и запознајте се со изненадувањата и специфичнитњ закони во одделни земји.
1. Правење бучава во недела

Правењето бучава во одреден час во недела или на празници е строго забрането. Бучавата се одржува на минимално ниво со закон во неделните денови и на празници во Германија и Швајцарија. Тоа значи никакво косење на тревникот, никаква работа со чекан или пила, дупчење дупки со тешки камиони на патиштата. Во повеќето области на Германија и Швајцарија е препорачливо нивоата на бучава да се намалат меѓу 20 и 7 часот, за да се избегнат жалби и казни. Имајте на ум дека во овие земји тоа е толку сериозен проблем, што има адвокати кои се специјалисти за законот за бучава. Во Швајцарија законот дури наредува да не се чисти тоалет по 22 часот.
2. Јадењето во близина на споменици

Заборавете да правите пикник на Шпанските скали или да си понесете кафе за време на прошета на Колосеумот. Јадењето и пиењето околу јавни згради и историски споменици е забрането во италијанските градови како Рим, Фиренца и Венеција. Бидете особено внимателни на плоштадот Сан Марко во Венеција и на скалите пред главниот влез на катедралата во Фиренца, ако не сакате да бидете протерани од полицијата.
3. Снимањето на официјални лица и официјални згради

Во држави како Романија, Русија, Шпанија, Украина и Унгарија, снимањето на аеродроми или важни воени и државни згради може да ви навлече казна и дури распит во полицијата. Кога сте во Франција, внимавајте на вашите фотографии да не снимите полицајци, дури и од позадина.
4. Немање на лична карта

Во европските земји, како Германија, Унгарија, Русија, Кипар, Украина, Белгија, Холандија, Австрија и Шпанија, сте обврзани со закон да носите официјален документ за идентификација цело време. Ако не сте државјанин на европска земја, тоа значи да имате оригинален пасош, а не фотокопија. Ова е особено важно на места каде што е очигледно дека сте турист поради јазикот кој го зборувате или поради надворешниот изглед. Не сакате полицаец да ви изрече парична казна или да дојде со вас до стан, за да ви го провери идентитетот.
5. Хранење на гулаби

Размислете два пати пред да храните гулаби за фотографија на Instagram на плоштадот Сан Марко. Во Венеција и Виена хранење на птиците се казнува со парична казна и поради добра причина. Освен што се досадни, гулабите оштетуваат историски згради и споменици. Казните за овие нарушувања изнесуваат стотици евра.
6. Прошетка по капење

Локалната полиција во Палма де Мајорка и Барселона не ги интересира дали доаѓате од плажа. Откако сте се оддалечиле од песокот и сте се нашле на улица, ставете си кошула и панталони. Шетањето по улиците по капење не само што ќе ви навлече гневни погледи на минувачите, но исто така е забрането и може да ви донесе казна од 100 до 500 евра.
7. Прошетка на високи потпетици

Ако се појавите за турнеја на античките урнатини во Атина со вашите омилени високи чевли, може да ви биде побарано да ги соблечете чевлите и да се шетате боси. Бидејќи високите потпетици можат да нанесат штета на античките урнатини, тие се забранети на историски места како Партенон, како и во повеќето амфитеатри во Грција кои се користат за концерти на отворено во текот на пролетта и летото.
8. Да ви заврши горивото

Иако да останетш без гориво едвај е злосторство, запирање на автопат (автопати) во Германија поради каква и да е причина, освен вонреден случај, е нелегално. Задолжително треба да избегнувате да заборавите да го наполните автомобилот со гориво и да се движите несигурно по брзите автопати, бидејќи тоа може да ви навлече глоба.
