Економија, финансии, бизнис

Контакт

76% од Русите го поддржуваат Владимир Путин

76% од Русите го поддржуваат Владимир Путин

Изборниот рејтинг на рускиот претседател Владимир Путин достигна нови максимални вредности во однос на нивото од 2008 година - 76%, соопштија агенциите повикувајќи се на руската новинска агенција ТАС. Автор на студијата е Фонд за „Јавно мислење“ (ФОМ).

Според податоците на социолошката агенција на 29 март за Путин биле подготвени да гласаат 76 отсто од анкетираните. Недела порано тие биле 75 отсто, а во јануари - 70%.

Социолозите велат дека изборниот рејтинг на Путин е на историски максимум од 2008 година, кога за него биле подготвени да гласаат 60 отсто од Русите, забележува ТАС.

Другите руски политичари сериозно заостануваат од претседателот. Истражувањето на ФОМ покажува дека ако изборите беа минатата недела, за лидерот на Либерално-демократска партија Владимир Жириновски би гласале 4 отсто, а за лидерот на Комунистичката партија Генадиј Зјуганов - 3 отсто.

Еден процент би гласале за бизнисменот Михаил Прохоров, исто толку би одбрале друг политичар или би се решиле да пуштат неважечко ливче. Осум проценти рекле дека не би гласале, а 6 проценти - се водржале да направат избор.

Според заменик-претседателот на Думата и секретар на советот на владејачката партија „Единствена Русија“ Сергеј Неверов податоците од анкетата покажуваат дека руското општество е многу сплотено околу лидерот на земјата. Според неговите зборови, Русите разбираат дека сега е важно „да се спротивстават на надворешниот притисок, да се фокусираат на развојот на земјата, без да обрнат внимание на оние кои не сакаат да ја признаат Русија за свој силен и рамноправен партнер".

Алексеј Кудрин, поранешен финансиски соработник и близок соработник на претседателот, препорачува високиот рејтинг на Путин да биде искористен за поставување на потребните економски реформи. Кон него се приклучуваат и други аналитичари, дополнува ТАС.

Слично

Поврзани вести