700.000 тестови за Ковид-19 неделно: Германските лаборатории го зголемија капацитетот
Во Германија лабораториите ќе обработуваат 700.000 тестови за
дијагностицирање на Ковид-19 во текот на една недела. Германската Асоцијација
на акредитирани лаборатории објави дека со ова повторно се зголемува капацитетот
за тестирање на граѓаните за корона вирус.
Во земјата, тестовите ги работат 116 лаборатории, кои до претходната недела обработуваа 640.000, а пред тоа околу 300.000. Актуелното зголемување на тестирањето следува откако во петокот, Институтот за инфективни болести „Роберт Кох“ издаде препорака да се тестираат сите лица кои имаат макар и најмал симптом заболувањето, без разлика дали оствариле контакт со некој за кој е потврдено дека е позитивен на новиот корона вирус.
Слично
