7.000 домаќинства во Австрија останаа без струја
По обилните снежни врнежи изминативе денови, делови на Австрија денеска се зафатени од силен студен ветер, кој урна повеќе дрва и електрични столбови, оставајќи без струја илјадници домаќинства.
Како што соопштија австриски власти, без струја се околу 7.000 домаќинства во јужниот дел на покраината Штаерска. Прекинат е и железничкиот сообраќај на пругата од Лајбниц до местото Шпилгфелд на австриско-словенечката граница.
Во покраината Бургенланд проблеми во сообраќајот предизвикаа врнежите на смрзнат дожд. При падови на мразот со посериозни искршеници се здобиле најмалку 21 лице, кои се хоспитализирани.
Слично
