6,9 милијарди евра изгуби Дојче Телеком
Дојче Телеком во третиот квартал пријави нето загуба од 6,9 милијарди евра за разлика од нето добивката од 1,07 милијарди евра во истиот период минатата година. Големата загуба на германскиот телекомуникациски гигант е поради отписот на средства во подружницата во САД од 7,4 милијарди евра. Со исклучок на вака отпишаниот долг Дојче Телеком имаше нето добивка од 926 милиони евра..Од Дојче Телеком потврдуваат дека имаат во план да исплатат дивиденда од најмалку 70 евро центи по акција. Вкупно на акционерите преку дивиденди и преку програмата за откуп на акциите во период од три години се планира да се исплатат вкупно 3,4 милијарди евра.
Слично
