Економија, финансии, бизнис

Контакт

650 Германци војуваат за ИД, над 1000 се потенцијално опасни!

650 Германци војуваат за ИД, над 1000 се потенцијално опасни!

Министерството за внатрешни работи на Германија има информации за речиси 650 радикални исламисти кои заминале за Сирија и Ирак, за да војуваат на страната на борците од групата „Исламска држава“ (ИД), соопшти министерот за внатрешни работи Томас де Мезиер.

Според него, до овој момент, на безбедносните структури им се познати речиси 650 џихадисти од Германија, кои тргнале да војуваат во Сирија и Ирак.

„Имаме и информации“ за над илјада луѓе, кои можат да претставуваат потенцијална опасност за националната безбедност, изјавил министерот во четвртокот вечерта за време на ток-шоуто „Маибрит Илнер“ на тема „Непријателот во сопствената земја. Кои се исламските терористи?“, на тв канлот ЗДФ.

Минатата година податоците за учество на Германци во ИД беа за 550 лица.

Слично

Поврзани вести