633 евра за стан дава просечниот Французин
Французите, во просек трошат 633 месечно за домување, а една третина имаат тешкотии во обезбедувањето на овие пари. Најновата студија на францускиот Институтот за политички и маркетинф истражувања на пазарот „OpinionVej“ откри дека трошоците за одржување на становите оваа година се зголемило во просек од 16 евра во споредба со 2012 година, кога се спроведе ваква анкета.
Меѓутоа, сопствениците и потстанарите, меѓу кои се оние кои отплаќаат станбен кредит, не се во иста позиција. Сопствениците на станови плаќаат за одржување 793 евра месечно, или шест евра помалку од минатата година, што претставува 14,5 отсто од нивните месечни примања, пишува француски Експрес.
За разлика од нив, потстанарите оваа година издвојуваат 32 евра повеќе за домување, или 551 евро што претставува 36,5 отсто од нивните месечни плати. Една третина (29 отсто) од испитаниците , кажале дека киријата или ратата на кредит, како што велат тие, е голем финансиски товар.
Капацитетите за штедење на Французите и оваа година се значително намалени, за 82 проценти кај потстанарите односно за 47 отсто кај сопствениците на станови, покажува студијата.
Високите трошоците за домување имаа негативно влијание врз сите други трошоци како што се буџетот за патување, трошоците за облека и храна.
Истражувањето е спроведено 3 и 4 април на репрезентативен примерок од 1.013 полнолетни граѓани на Франција.
Слично
