Економија, финансии, бизнис

Контакт

61% шанси за Хилари Клинтон да биде следниот претседател на САД

61% шанси за Хилари Клинтон да биде следниот претседател на САД

Фаворитот за претседателски кандидат на Демократската партија во САД, Хилари Клинтон има поголеми шанси да биде избрана во судир со евентуалниот нејзин противник републиканец - Доналд Трамп, соопшти Ројтерс.

Информациите се базираат на податоци од сајтот „Predictit“, во кој корисниците вложуваат мали износи во предвидување на идни настани.

Статистиката во моментот покажува дека разликата меѓу двајцата кандидати се топи, но сепак предноста на Хилари Клинтон останува солидна.

Според порталот Клинтон има 61% шанси да победи на изборите а пред седум дена процентот беше 65.

Во истиот период веројатноста за победа на Трамп се зголеми од 34% на 40%.

Слично

Поврзани вести