Економија, финансии, бизнис

Контакт

600.000 Сиријци не можат да ја добијат помошта од ОН

600.000 Сиријци не можат да ја добијат помошта од ОН
Помошта наменета за 600.000 луѓе во два града во Сирија кои се под контрола на џихадистите на Исламската држава не може да се испорача, информираа Обединетите нации. Жителите на Рака, којшто е практично престолнина на Исламската држава, и Деир ел Зур во текот на декември не добиле никаква помош во храна бидејќи ОН немаат договор со воорушените сили во двата града, рече помошникот на генералниот секретар на ОН и заменик координатор за итна помош Канг Кјунг-ха пред Советот на безбедност на ОН. „Хуманитарната помош им е потребна на 12 милиони луѓе кои живеат во воени подрачја во Сирија, како и на 3,8 милиони бегалци кои засолниште побарале во соседните држави. До 4,8 милиони Сиријци тешко се доставува помошта“, вели Канг.
Слично

Поврзани вести