Економија, финансии, бизнис

Контакт

60% од Британците сакаат државјанство во ЕУ и се подготвени да платат за тоа

60% од Британците сакаат државјанство во ЕУ и се подготвени да платат за тоа

Шест од десет Британци сакаат да ја задржат својата граѓанска позиција во Европската унија по Брегзит- вклучувајќи ги и правата да живеат, работат, учат и патуваат во ЕУ. Многу од нив дури се подготвени да платат големи суми за да го направат тоа, покажува истражувањето на Лондонската школа за економија, цитирана од The ​​Guardian.

Основната група која сака да го задржи европското граѓанство се Британци на возраст меѓу 18 и 24 години (85%). Мислењето се дели од поголемиот дел (80%) од лондончани. Во истражувањето учествувале повеќе од 2.000 лица.

На прашањето колку се подготвени да платат за да го задржат своето државјанство во ЕУ, анкетираните одговориле над 400 фунти. Истражувањето покажа дека посебно младите се "многу незадоволни" од перспективата да ги загубат своите права и го сметаат како клучно значење за перспективите за иднината. "Тие парадоксално ќе бидат подготвени да платат многу повеќе отколку што е и во моментов, за да ги задржат овие права", вели авторот на студијата Мајкл Брутер.

Претходно британската влада на чело со Тереза ​​Меј предложи на самитот на ЕУ во Брисел, на оние што живеат во Велика Британија 3,2 милиони европејци, да им се даде нов статус, кој ќе им даде право на пристап до образование, здравство, пензии и бенефиции по Брегзит.

Преговорите за повлекувањето на Велика Британија од Заедницата ќе траат до ноември 2018 година, по што националните парламенти ќе имаат шест месеци да го ратификуваат договорот за условите за Брегзит.

Слично

Поврзани вести