60 милиони Европејци немаат сметка во банка
Дури 60 милиони Европејци немаат сметка во банка. Eкономските експерти сметаат дека најчестите причини за ова е недостигот на релевантни информации, различните процедури и такси во некои земји, луѓето се плашат од можно „замрзнување“ на сметките како што тоа се случи во Кипар, но и поради фактот што дел од нив се одбиени во банките.
За Европската комисија неразбирлив е фактот што многу граѓани на ЕУ се отфрлени кога бараат отворање на банкарски сметки. Враќани се со објаснувања како, „немате доволно приходи" или „не сте наш државјанин".
Европската комисија проценува дека таквото однесување е неприфатливо и бара од земјите членки, секоја од нив да се заложи за олеснување на животот на луѓето во време кога речиси сите финансиски трансакции се извршени преку сметката - од ресторани до плаќање кирија, струја, вода ...
Директивата на Европската Комисија е јасна - на Европејците треба да им биде дозволено да отворат банкарска сметка во ситуација во која тие живеат во друга држава. Оваа опција мора да биде отворен за сите Европејци, без оглед на нивната финансиска ситуација, стои во Директивата.
Слично
